Граѓанска платформа на Македонија
Промовирани четири нови изданија
Првата детска амбасада во светот „Меѓаши” на 21 јануари, во хотелот „Континентал”, промовира четири изданија кои се резултат од активностите во рамките на Граѓанската платформа на Македонија, односно дел од проектот „Поддршка на националниот граѓански форум/платформа”.
Историски читанки
Подеднакво читање на историјата во регионот
Во организација на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ), на 21 јануари 2008 година, во Скопје, беа промовирани изданијата на историските читанки на македонски и на албански јазик. (за Македонија). Станува збор за продукт на меѓународен проект на Центарот за демократија и помирување на Југоисточна Европа од Солун, Грција – ЦДПЈЕ, што се спроведува во регионот од 1999 година.
Анализа на мрежата “Чувари на јавното ќесе”
Како се трошат парите на граѓаните?
Резултатите од истражувањата на првата национална мрежа на организации – „Чувари на јавното ќесе” го потврдуваат недостатокот од конзистентност во определувањето на приоритетите на јавните политики во земјава преку соодветно планирање на буџетските средства за јавни политики кои ќе одговорат на реалните потреби на граѓаните.
Партнерства
Градот Скопје ја изработи Стратегијата за соработка со НВО
Градот Скопје, во соработка со Центарот за институционален развој - ЦИРа и со финансиска поддршка на ОБСЕ – Набљудувачката мисија во Скопје, ја изработи Стратегијата на Градот Скопје за соработка со граѓанските организации и акциски план за нејзина реализација.