Анализа на мрежата “Чувари на јавното ќесе”
Како се трошат парите на граѓаните?
Резултатите од истражувањата на првата национална мрежа на организации – „Чувари на јавното ќесе” го потврдуваат недостатокот од конзистентност во определувањето на приоритетите на јавните политики во земјава преку соодветно планирање на буџетските средства за јавни политики кои ќе одговорат на реалните потреби на граѓаните.
Потребата од воведување програмски буџет преку кој ќе се увидат целите на секоја од програмите (и ќе вклучува мерливи индикатори за постигнување на тие цели), активностите и средствата алоцирани за секоја од нив остануваат да бидат барање број еден на граѓанските организации во Македонија. Со воведувањето програмски буџет, освен што во областа на јавните финансии ќе бидеме поблиску до ЕУ, ќе се олесни следењето на секој денар од парите на граѓаните кои се слеваат и трошат од државниот буџет - ова е заклучокот на првата национална мрежа на организации „Чувари на јавното ќесе”, која ја сочинуваат организациите: ЕСЕ, Граѓанска асоцијација, Баирска светлина, ОРТ, АРКА, ЦГК, ЦГИ, МЦГО, ФОРУМ, ЦСРД, формирана во рамките проектот финансиран од ИТЗ/УСАИД и УНИФЕМ, под лидерство на Центарот за истражување и креирање политики – ЦИКП Скопје.
Резултатите во проектот се добиени од истражувањата спроведени на следните теми: Студиски програми ВС пазар на трудот; Унапредување на образованието на Ромите; Правична застапеност на етничките заедници; Бесплатни гинеколошки прегледи; ДА за спортски сали – НЕ за фудбалски игралишта!!!; Задолжително средно образование.
К.Б.
|
|