НАНСЕН ДИЈАЛОГ ЦЕНТАР И УНИЈА НА СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА
Семинари за средношколцитеНансен дијалог центарот од Скопје во соработка со Унијата на средните училишта во Македонија, преку својата програма “Градење мир”, односно суб-програмата за младите лидери на средните училишта, врши едукација на координаторите на сите средни училишта.
|  |
РАЗВОЈ НА ПОТСЕКТОРОТ ЈАБОЛКО
Еден добар, здрав “гриз”Андрија Секуловски од Здружението “Група за развој на потсекторот јаболко”, н$ пречека во своите простории во Ресен, и ни рече: - Денеска, на 12 јуни, 2003 година, и официјално ја отвораме новата канцеларија на Здружението, иако во неа почнавме да работиме пред еден месец. Отворањето на канцеларијата е дел од проектот “Пазарен информативен систем”, а всушност, се наоќаме во поранешни простории на “Агроплод”. |  |
НВО ПАРЛАМЕНТ
Парламент со отворени вратиКоалицијата на невладини организации НВО Парламент, ја лансира идејата за отварање на вратите на државнте институции за граѓаните и за граѓанските здруженија, со цел тие да земаат поактивно учество во процесите на донесување на одлуките и да придонесат кон развојот на демократските структури на владеење. Коалицијата ја сочинуваат осумдесетина граѓански здруженија од цела Македонија. |  |
СВЕТСКА БАНКА
Се подготвува Национална стратегија за сиромаштијатаСветската банка веќе извесно време ја подготвува Националната стратегија за намалување на сиромаштијата, во соработка со македонската Влада. Стратегијата треба да се однесува на периодот 2004-2006 година и ќе биде фокусирана на поттикнувањето на економскиот развој.
|  |
ЕАР И ФИООМ
Нови центри за поддршка на НВОВо рамките на проектот за зајакнување на невладините организации, што се спроведува од страна на Фондацијата Институт отворено општество - Македонија, ќе бидат отворени 8 нови центри за поддршка на НВО, во социјално и економски неразвиените области во Македонија. |  |
ИТЗ
Мировно образование во училиштатаИнститутот за трајни заедници минатиот месец во Скопје организира обука на тема “Образование за мир”. Обуката ја реализира Жизел Обер, специјалист за решавање конфликти од меѓународната организација Аллианце фор Цонфлицт Трансформатион, со седиште во Вирџинија, САД. На обуката присуствуваа претставници од осум невладини организации од Македонија, кои работат на проекти за спречување и превенција на конфликти во основните и средните училиштва во државата.
|  |
НЕШТО НОВО ВО МАРИОВО
Детски камп “Итар Пејо”Толку деца, толку веселба, толку убави нешта во Мариово не сме виделе најмалку 30 години - постојано повторуваше осумдесетгодишната Митра Бибова од село Старавина, Мариово, за време на одржувањето на Детскиот камп “Итар Пејо”.
|  |
ТРЕНИНГ ЗА НОВИНАРИ ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА
Како да се напише добра еко-сторијаРегионалниот центар за животна средина од Будимпешта во партнерство со Еколошкиот прес центар од Скопје минатата недела во Охрид, го организираше првиот тренинг за новинари специјализирани за областа животна средина од Југоисточна Европа.
|  |
|