НАНСЕН ДИЈАЛОГ ЦЕНТАР И УНИЈА НА СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА

Семинари за средношколците

Нансен дијалог центарот од Скопје во соработка со Унијата на средните училишта во Македонија, преку својата програма “Градење мир”, односно суб-програмата за младите лидери на средните училишта, врши едукација на координаторите на сите средни училишта.

За таа цел, во мај и јуни годинава беа организирани два семинари за координаторите на сите средни училишта во Скопје на тема “Конфликт менаџмент и анализа на конфликти”. Целта беше младите да се едуцираат на полето на ненасилно разрешување на конфликти. Семинарите беа и подготвителна фаза за Унијата за преземање  легитимност за соработка со Нансен дијалог центарот во понатамошните активности во рамките на оваа суб-програма.

Од октомври 2003 во истата програма започнува тримесечен курс на тема “Леадерсхип девелопмент цоурсе”, наменет за сред­ношколци, а ќе бидат опфатени различни теми: комунакциски вештини, управување со конлифкти, организациско управување, медиумската улога во Македонија, како и европската интеграција на Македонија.

Г.Ш.