НВО ПАРЛАМЕНТ

Парламент со отворени врати

Коалицијата на невладини организации НВО Парламент, ја лансира идејата за отварање на вратите на државнте институции за граѓаните и за граѓанските здруженија, со цел тие да земаат поактивно учество во про­цесите на донесување на одлуките и да придонесат кон развојот на демократските структури на владеење.
Коалицијата ја сочинуваат осумдесетина граѓански здруженија од цела Македонија.


- Идејата за формирање едно вакво тело во нашата организација не е нова – вели Владо Димовски од Центарот за меѓуетничка толеранција и бегалци (ЦМТБ) од Скопје. - На седми јуни годинава, во организација на Иницијативниот одбор се одржа првата Меѓународна тематска парламентарна кон­ференција, посветена токму на ре­али­зи­ра­ње на оваа идеја. На Кон­ференцијата учес­тву­ваа прет­ставници на граѓански орга­ни­за­ции од Македонија, пратеници од Пар­ламентот на Маке­донија, претставници од странските ам­ба­сади и институции во зем­јава и експерти од соодветната област. Ги согледавме досе­гашните искуства во соработката на гра­ѓанските орга­ни­за­ции и Парламентот во нашата земја, таквиот однос во соседните земји и пошироко. Нешто слично има во Романија, но на локално ниво. Слични форми има и во Хрватска, во Сло­венија, во Полска, во Бугарија, а граѓански организации учествуваат во Собранието на ООН, како и во Советот на Европа, со право на расправа и без право на глас. Со создавање такво тело, во Македонија, според нас, би се создала реална опозиција на власта, а не партиска, која ќе игра улога на коректор. Затоа, нашите членови не смеат да имаат каква била претходна активна политичка историја - додаде Димовски.

Парламентарните НВО избори ќе бидат рас­пи­шани во септември, а ќе се одржат во но­ем­ври, годинава, покривајќи ја целата земја. Идниот НВО Парламент ќе работи без постојано седиште, ќе се состанува шест пати годишно, ќе има 13 мини­с­тер­ства (за финан­сии и проектни ак­тивности, за правда, за евро­инте­грации, за над­ворешни работи, за внатрешни ра­боти, за култура, за обра­зование и наука, за туризам, за живот­на средина, за ло­кална само­управа, за меѓу­етнички и верски односи, за социјална работа и психосоцијални активности, и за јак­нење на капа­ци­те­тите и кадров­ски пра­шања на гра­ѓан­ски­те здру­же­ни­ја), а  гра­­ѓа­ните ќе можат да се обратат во своето род­но ме­с­­то до се­која гра­­ѓан­ска орга­ни­за­ција учес­ник во Пар­ла­­мен­тот. Повеќе ин­фор­­мации мо­­­жат да се нај­дат на  њњњ.манго.орг.мк.

Д. М.