РАЗВОЈ НА ПОТСЕКТОРОТ ЈАБОЛКО

Еден добар, здрав “гриз”

Андрија Секуловски од Здружението “Група за развој на потсекторот јаболко”, н$ пречека во своите простории во Ресен, и ни рече: - Денеска, на 12 јуни, 2003 година, и официјално ја отвораме новата кан­целарија на Здружението, иако во неа почнавме да работиме пред еден месец. Отворањето на канцеларијата е дел од проектот “Пазарен информативен сис­тем”, а всушност, се наоќаме во по­ранешни простории на “Агроплод”.

Канцеларијата, којашто целосно е опре­мена (со компјутер, печатач, факс, скенер, канцелариски мебел) е финансирана од МРФП и ЦЕЦИ. Здружението има  24 активни волонтери. Формирано е во мај, минатата година, кога ги реализираше “Деновите на македонското јаболко” во Ресен и испечати неколку брошури (“Агро и помотехнички мерки во јаболкарникот” и “Стандарди на јаболкото’”). Моментно, ова здружение рабори на проектот “Пазарен информативен систем” (ПИС), преку кој е обезбедена и канцеларијата. ПИС опфаќа обезбедување надворешен и домашен кон­султант, изготвување студија за развој на пазарите, одржување пет обуки и изра­ботување софтвер за базата на податоци со анкетен лист, со кој се опфатени трите целни групи – производители, трговци и пре­работувачи.

Во наредниот период се планира изгот­вување брошури со предлози за мали и семејни бизниси, со рецепти чија суровина е јаболкото, со календар за активности во ја­болкарникот, планираат и спроведување обуки за сметководствени работи за фар­ме­ри и за утврдување профитабилност на фар­мите, потоа пласман на јаболкото во голе­ми­те маркети, како и изготвување промо­ти­вен материјал за “Групата за развој на пот­сек­торот јаболко” (брошури, веб-страница, посета на саеми, воспоставување мрежа на контакти, каталог од целната група…).