Жени
СОЖМ
Родовиот концепт и медиумите
Во рамките на проектот „Жените и меди­умите“, во организација на Сојузот на организациите на жените на Република Македонија (СОЖМ), на 18 април годинава, во Клубот на пратениците во Скопје се одржа семинар за оценување од мониторингот на медиумите со новинарите и уредниците од печатените и електронските медиуми од Република Македонија.

Животна средина

НА ДЕНОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА
Едукација на најмладите
Меѓународниот Ден на планетата Земја, кој годинава беше посветен на животниот ресурс - водата, традиционално се одбележа и во Македонија. Министерот за животна средина и просторно планирање, г. Љубомир Јанев, за важноста на животната средина и нашиот однос кон неа им зборуваше на најмалите во детската градинка “Пролет” и Фран­ко­фонската градинка. Децата од овие две градинки орга­низираа приредби за своите родители и гостите.
Крива Паланка
Јавна расправа за далноводот Македонија-Бугарија
Во Собранието на општина Крива Паланка, во организација на Електростопанство на Македонија, на 16 април годинава се одржа јавна расправа на темата „Изградбата на нов далновод помеѓу Македонија и Бугарија и Студијата за оценка на влијанието врз животната средина од неговата изградба и работа“.
ЕКО-АВТОБУС
Малку поинаку, многу подобро
По повод 22 април, денот на планетата Земја, а во рамките на проектот „Еко-автобус“, Здружението на граѓани „Проактива“ од Скопје на 19 април годинава организира промоција на два автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ кои работат на природен гас. Про­моцијата се организира под мо­тото „Малку поинаку, многу по­добро“. „На сите заинте­ре­си­рани им поделивме печатен мате­ријал со податоци за зага­ду­вањето во Скопје и во Маке­донија, особено од загадувањето од транспортниот сектор и какви би биле придобивките за жи­вотната средина доколку авто­бусите од јавниот транспорт се пренаменат да користат природен гас“, изјави координаторот на Проектот, Владимир Карчиски од „Проактива“.

Демократија и човекови права

ЕЛСА
Дипломатија и дипломатски вештини
„Дипломатија и дипломатски вештини - мирно решавање на конфликти“ беше тема на конференцијата која се одржа од 17 до 20 април годинава во Охрид, во организација на Европската правна асоцијација на студенти.
- Сметаме дека во нашава држава не постои доволна инфор­мираност, посебно кај младите, за прашања на оваа тема. Токму актуелноста на дипломатијата и напорите за мирно решавање на конфликтите во земјава, беше причина да организираме семинар на оваа тема - вели Маја Камбовска од ЕЛСА.
ХДЗР “МесеЧина”
Граѓански советодавни центри
Програмата „Граѓански советодавни центри“ за подобрување на социо-еко­номската положба на марги­на­лизираните групи во Република Македонија, особено на ромската популација, како и за подобрување на информираноста и зајакнување на свеста на граѓаните за остварување на нивните права, треба да создаде објек­тивна основа за влијание врз власта; при­донес кон надминување на предрасудите и негативната стереотипизација во однос на марги­нализираните групи во Република Македонија;

Култура

ПРОГРАМА ЖИВО НАСЛЕДСТВО
Работилница за старата чаршија...
Работилницата за старата чаршија во Скопје, што се одржа на 18 април годинава, во просториите на Чифте амамот и Домот на занаетчиите, имаше за цел да ги собере сите заинтересирани страни и да поттикне за­едничка акција и стратегија за ревитализација на овој простор. Работилницата е дел од проектот на НИК „Лист“, во рамките на програмата Живо наследство, која во Македонија ја спроведуваат фондациите Крал Бодуен од Белгија и Институт Отворено општество - Маке­донија. Во реализацијата на оваа рабо­тилница, покрај овие две фондации, свој придонес даде и германската фондација Конрад Аденауер.
МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА И ФИООМ
Поддршка на домовите на културата
Министерот за култура на Репуб­лика Маке­донија, г. Благоја Сте­фа­новски и извршниот директор на Фон­да­цијата Институт Отворено општество - Македонија, г. Вла­димир Милчин, на 15 април го­динава потпишаа Протокол за сора­ботка во рамките на Програмата на ФИООМ за поддршка на домовите на културата.