Крива Паланка

Јавна расправа за далноводот Македонија-Бугарија

Во Собранието на општина Крива Паланка, во организација на Електростопанство на Македонија, на 16 април годинава се одржа јавна расправа на темата „Изградбата на нов далновод помеѓу Македонија и Бугарија и Студијата за оценка на влијанието врз животната средина од неговата изградба и работа“.
На оваа јавна расправа учествуваа граѓани, претставници на локалната самоуправа, на невладините организации и медиуми. Расправата беше еден од ретките примери за отворено работење на бизнис-секторот и една од ретките расправи на која се дискутираше за оценката на влијанието на стопанските објекти врз животната средина.              

                                                                                           М.И.