ЕКО-АВТОБУС

Малку поинаку, многу подобро

По повод 22 април, денот на планетата Земја, а во рамките на проектот „Еко-автобус“, Здружението на граѓани „Проактива“ од Скопје на 19 април годинава организира промоција на два автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ кои работат на природен гас. Про­моцијата се организира под мо­тото „Малку поинаку, многу по­добро“. „На сите заинте­ре­си­рани им поделивме печатен мате­ријал со податоци за зага­ду­вањето во Скопје и во Маке­донија, особено од загадувањето од транспортниот сектор и какви би биле придобивките за жи­вотната средина доколку авто­бусите од јавниот транспорт се пренаменат да користат природен гас“, изјави координаторот на Проектот, Владимир Карчиски од „Проактива“.

Загадувањето од издувните га­сови во сообраќајот е еден од клучните проблеми во Македонија, а исто така и во главниот град Скопје. Можноста за пренамена на автобусите од користење нафтени деривати во користење природен гас како гориво ќе овозможи намалување на загадувањето (според мерењата извршени во Бугарија) за околу три пати.



Од Јавното транспортно претпријатие „Скоп­је“ секојдневно сообраќаат по око­­лу 280 авто­буси. Со ко­рис­тење хибриден погон, емисијата на загадувачки материи може да се намали за око­лу три пати или за повеќе од 2.500 тони на годишно ниво.

Координатор на проектот е Вла­димир Кар­чиски од „Проактива“, а се реализира во соработка со ЈСП Скопје, детските градинки „Кочо Рацин“ и Радио „Фортуна“, и со поддршка од „Милиеуконтакт оост-Еуропа“.

Д.М.