МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА И ФИООМ

Поддршка на домовите на културата

Министерот за култура на Репуб­лика Маке­донија, г. Благоја Сте­фа­новски и извршниот директор на Фон­да­цијата Институт Отворено општество - Македонија, г. Вла­димир Милчин, на 15 април го­динава потпишаа Протокол за сора­ботка во рамките на Програмата на ФИООМ за поддршка на домовите на културата.

Со Протоколот се предвидува да се спроведат пилот-активности во шест селектирани домови на културата во Македонија, со цел да се проверат можностите за спроведување нов организациски модел на децентра­лизирано работење.

Целта на овие активности е да дадат проидонес во процесот на децен­трализација во областа на кул­турата. Активностите ќе се спро­ве­дуваат во соработка со градо­на­чалниците и претставниците на градските совети, Министерството за локална само­управа и Здру­жението на еди­ниците на локал­ната самоуправа (ЗЕЛС). ФИООМ става на располагање 40.000 аме­ри­кански долари, тех­нички и човечки ресурси за овие актив­ности, со кои ќе се обезбедат обуки, интернет-пристап, мали грантови и техничка помош.  

                                                      М.И.