НА ДЕНОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА

Едукација на најмладите

Меѓународниот Ден на планетата Земја, кој годинава беше посветен на животниот ресурс - водата, традиционално се одбележа и во Македонија. Министерот за животна средина и просторно планирање, г. Љубомир Јанев, за важноста на животната средина и нашиот однос кон неа им зборуваше на најмалите во детската градинка “Пролет” и Фран­ко­фонската градинка. Децата од овие две градинки орга­низираа приредби за своите родители и гостите.

Во Зоолошката гра­дина во Скопје беше одржан ликовен хе­пенинг, орга­ни­зиран од Домот на културата „Кочо Рацин“ и Кан­целаријата за спро­ведување на Локал­ниот еколошки план на Скопје.

Во Велес, еколошкото друштво „Бреза“ на­прави голема торта по повод „роденденот“ на планетата Земја, која им беше делена на минувачите на градскиот плоштад.

М.И.