Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Број 27 Мај 2003  Настани
Култура
Демократија и човекови права
Животна средина

РОМСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР “ДАРХИЈА”
Денови на ромската култура
Во организација на Ромскиот културен центар Дархија, од 9 до 13 мај годинава, по втор пат во Македонија се одржаа Деновите на ромската култура, поддржани од Адрија ервејз - прет­ставништво Скопје.
ВО КРУшЕВО
Прославен Националниот ден на Власите
Лигата на Власите од Македонија, заедно со влашкото здружение „Никола Бацарија“, во Крушево организираа Свечена академија, со што беше одбележан Националниот ден на Власите – 23 мај. Гостите, меѓу кои Власи и нивни пријатели од цела Македонија, прет­ставници на политички партии и невла­дини организации, имаа можност да про­следат богата културно-уметничка програма. Деле­гација на влашките здруженија од Маке­донија положи свежо цвеќе на спо­мениците на Питу Гули, Никола Карев и на Мечкин камен. По повод Националниот ден на Власите, во Скопје беше организирана изложба под наслов „Од староградските влашки одаи“, а претставници на Власите имаа средба со премиерот Бранко Црвен­ковски и претседателот на Собранието, Никола Поповски.
ПРОЕКТ „шКОЛА ЗА ДЕМОКРАТИЈА“
Десет “демократски” тетратки
Во втората половина на јуни ќе излезат од печат десетте тетратки по демократија, како дел од проектот „школа за демократија“  кој го иницираа и го спроведуваат Инсти­тутот за демократија, солидарност и цивилно оп­штество (ИДСЦО) и Фон­дацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ).

Демократија и човекови права

НА ДЕНОТ НА ЕВРОПА
Македонското и европското знаме на врвот на Водно
Амбасадорот Донато Киарини, шеф на Делегацијата на Европската комисија во Македонија, го предаде знамето на ЕУ на претставници на здружението „Европското движење на РМ” и на планинарското друштво „Кораб“, кои ги однесоа, заедно со маке­донското знаме, на планината Водно.
ЕКСПО ПРЕДА 2003
Учество на 42 здруженија
Голем број граѓани во двата дена, од 9 до 10 мај оваа година во Прилеп, го посетија вториот саем на мало стопанство „Преда Експо 2003”, каде учество зедоа околу 42 здруженија на граѓани. Во организација на три здру­женија од Прилеп: ФАК, ФЕ­НИКС и Вис вива со ко­орди­нација од Центарот за под­дршка на НВО -Прилеп, на овогодишниот саем учество зедоа и невладини орга­ни­зации коишто имаа из­ложбен простор и орга­низираа Форум на тема „Коали­ци­рање”, поддржано од МЦМС и од ФИООМ.
ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ОБСЕ
Трчачка мировна манифестација
Во организација на ОБСЕ, а под покрови­телство на претседателот на Маке­до­нија, г. Борис Трајковски, на 18 мај годинава, се одржа традиционалната „Цветна трка“. Се трчаше на релацијата Тетово-Скопје, долга 42 км. Оваа манифестација се одржува седми пат, од 1995 година, во традиционален спортски и хуманитарен дух. Како што изјави портпаролот на ОБСЕ, г. Волфганг Гревен, трката претставува голема мирна демон­страција и доказ дека е можно луѓе од различни националности заедно да работат и да се забавуваат.

Животна средина

ЕКО-МИСИЈА
Заштита и ревитализација на Водно
Еколошкото друштво „Еко-мисија“ на 15 мај годинава, организира Тркалезната маса за заштита и ревитализација на планината Водно. Беше речено дека е потребно реде­финирање на одлуката за прогласување на планината Водно за парк-шума, која е застарена (донесена е во 1976 г.). Во тек е изработката на Локалниот еколошки акциски план (ЛЕАП) за Скопје, во чии рамки треба да се најде и заштитата и ревитализацијата на Водно.

Култура

ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА СОЈУЗОТ НА ГЛУВИ И НАГЛУВИ
Избор на Мис на глуви и наглуви за 2003
Минатиот месец, во организација на Сојузот на глувите и наглувите на Македонија се одржа, по втор пат, изборот за мис на глуви и наглуви на Македонија. Сојузот планира тој да прерасне во традиција, со цел да ја зголеми самодовербата и вербата кај своите членови.
Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Број 27 Мај 2003
Број 27 Мај 2003
Настани
Календар
Балкан експрес
Европа
Свет
Публикации
Луѓе
Историја на граѓ. опш.
Тема
Интервју
Погледи
Коментар
Форум
Концепти
Појмовник
Q&A
Претставување
Избор
Број 27 Настани Прославен Националниот ден на Власите
Број 27 Настани Десет “демократски” тетратки
Број 27 Настани Трчачка мировна манифестација
Број 27 Луѓе ДАНИЕЛА СТОЈАНОВА
Број 27 Тема ГраѓАнските ЗдруЖЕнија Пред Нов Предизвик Со ПоддршКа На ДржАвата
Број 27 ИНТЕРВЈУ ФАБРИС ДЕ КЕРХОВ
Број 27 Форум Дали можеме самите?
 

©MCMS - designed by KOMA