ЕКСПО ПРЕДА 2003
Учество на 42 здруженија
Голем број граѓани во двата дена, од 9 до 10 мај оваа година во Прилеп, го посетија вториот саем на мало стопанство „Преда Експо 2003”, каде учество зедоа околу 42 здруженија на граѓани. Во организација на три здруженија од Прилеп: ФАК, ФЕНИКС и Вис вива со координација од Центарот за поддршка на НВО -Прилеп, на овогодишниот саем учество зедоа и невладини организации коишто имаа изложбен простор и организираа Форум на тема „Коалицирање”, поддржано од МЦМС и од ФИООМ.
На Форумот беа одржани четири панел-дискусии: Односите на НВО со институциите на власта; Соработка помеѓу НВО и бизнис-секторот; Подем, развој и коалицирање помеѓу невладините организации, и Соработка помеѓу НВО и медиумите.
Г.Ш.
|