РОМСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР “ДАРХИЈА”
Денови на ромската култура
Во организација на Ромскиот културен центар Дархија, од 9 до 13 мај годинава, по втор пат во Македонија се одржаа Деновите на ромската култура, поддржани од Адрија ервејз - претставништво Скопје.
Манифестацијата започна со концертот на „Амала (Бриззани)“ во Скопје, етно-џез група од Словенија која негува богати ромски ритмови во кои провејува музиката на Ромите од Франција, шпанија, Турција и од балканските простори. Следуваа концерот на оркестарот и вокалната група „Дархиа Оркестро & Гилавутне“ во Делчево, етномјузикл во Велес, театарската претстава „Мајка Храброст“ од Брехт во Куманово, како и трибината „Ромските обичаи“, одржана во Скопје.
М.И.
|
|