ВО ВИЕНА, ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ОБСЕ
Меѓународна конференција за антисемитизмот
На 19 и 20 јуни годинава Виена беше домаќин на големата Конференција за антисемитизмот, со меѓународно учество. Конференцијата ја организираше Организацијата за безбедност и соработка во Европа - ОБСЕ, а на неа учествуваа над 150 претставници на државите-членки на ОБСЕ како и над 100 здруженија на граѓани.
ЕВРОПСКА УНИЈА
Заеднички министер за надворешни работи
Европската Унија ќе има заеднички министер за надворешни работи - пренесува Билтенот на Европската Унија, издание на Делегацијата на Европската комисија во Скопје.
КУЛТУР КОНТАКТ – АВСТРИЈА
Програма за поддршка на уметниците
Во организација на Култур контакт од Австрија, уметници од државите во транзиција - централна, источна и југо­источна Европа, можат да учествуваат во програмата наречена “Артистс-ин-Ресиденце”, преку која се обезбедува три­месечен престој во Виена.
ВО БРИСЕЛ
Прославена Европската зелена недела
Традиционалната Зелена недела беше организирана во речиси цела Европа, во првата недела на јуни годинава, а централ­ната манифестација се одржа во Брисел, Белгија. Зелената недела на Европа 2003 беше посветена на заклучоците и пре­пораките од Светскиот самит за одржлив развој, што се одржа минатото лето во Јоханесбург, Јужна Африка. Слоганот на Зелената недела на Европа 2003 беше “Да го промениме нашето однесување”, што упатува на заложбата да се делува на конкретен начин.