ВО БРИСЕЛ

Прославена Европската зелена недела

Традиционалната Зелена недела беше организирана во речиси цела Европа, во првата недела на јуни годинава, а централ­ната манифестација се одржа во Брисел, Белгија. Зелената недела на Европа 2003 беше посветена на заклучоците и пре­пораките од Светскиот самит за одржлив развој, што се одржа минатото лето во Јоханесбург, Јужна Африка. Слоганот на Зелената недела на Европа 2003 беше “Да го промениме нашето однесување”, што упатува на заложбата да се делува на конкретен начин.
Всушност, целта е препораките од Јоханесбург, како и заклучоците и пот­пишаните спогодби и декларации од овој Самит, да бидат претворени во реалност.

Зелената недела опфати повеќе сос­таноци на министерско ниво, 26 кон­ференциски сесии, работилници, из­ложби и други настани. Во активностите учествуваа многу здруженија на гра­ѓани, како и индивидуалци.

Конференцијата ја отвори Маргот Валстром, европски комесар за животна средина, а ја поздрави Принцот Лоренс од Белгија.

М.И.