ВО ВИЕНА, ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ОБСЕ
Меѓународна конференција за антисемитизмот
На 19 и 20 јуни годинава Виена беше домаќин на големата Конференција за антисемитизмот, со меѓународно учество. Конференцијата ја организираше Организацијата за безбедност и соработка во Европа - ОБСЕ, а на неа учествуваа над 150 претставници на државите-членки на ОБСЕ како и над 100 здруженија на граѓани.
На конференцијата еден од клучните говорници беше нобеловецот, Ели Визел, покрај другите клучни личности на еврејската заедница и организации од светот (како Светскиот еврејски конгрес, Образовниот труст за холокаустот и други). Во организација на ОБСЕ се подготвува друга конференција, посветена на антирасизмот, дискриминацијата и ксенофобијата, која ќе се одржи во септември, исто така во Виена. За подетални информации во врска со конференцијата, можете да се обратите на веб-страницата на ОБСЕ: www.osce.org .
М.И. |