КУЛТУР КОНТАКТ – АВСТРИЈА

Програма за поддршка на уметниците

Во организација на Култур контакт од Австрија, уметници од државите во транзиција - централна, источна и југо­источна Европа, можат да учествуваат во програмата наречена “Артистс-ин-Ресиденце”, преку која се обезбедува три­месечен престој во Виена.

Овој вид поддршка опфаќа обезбедување студио за работа, сместување, оси­гурување и месечен грант од 900 евра, еднократна поддршка за материјали како и изложување на делата на уметниците на крајот на нивниот тримесечен работен период.

Уметниците кои ќе аплицираат на оваа програма, ќе бидат избрани од страна на меѓународно жири.

 Апликацијата треба да содржи цуррицулум витае и документација на развојот на уметникот (на германски или на ан­глиски јазик), како и примероци од делата во форма на фотографии, слај­дови, фолдери и/или каталози.

Апликациите треба да бидат испратени до Култур контакт до 31 август годинава, а за подетални информации за­инте­ресираните можат да се обратат на е-ма­ил адресата културЖкултурконтакт.ор.ат.

М.И.