Скопје
“Еко мисија” бара Водно да биде споменик на природата
Еколошкото друштво „Еко мисија” побара вистинска заштита на парк-шумата Водно од урбанизацијата и сите други видови агресија во природната средина. Екологистите бараат да се напушти идејата за градење пат преку парк-шумата кон населбата Сончев град, како и запирање на иницијативата за изградба на македонското село во близина на манастирот „Свети Пантелејмон”.
Проект на ИФЦ
“Волшебниот свет на рециклирањето”
Во рамките на проектот организиран од Меѓународната финансиска корпорација – ИФЦ, заедно со Движењето на екологистите на Македонија, поддржан од Космофон, од Германос и од Комунална хигиена, над 2.500 ученици од четврто одделение од 35 училишта во целата држава ќе учествуваат во натпреварот на темата „Волшебниот свет на рециклирањето”, како дел од кампањата „Мисли на утре - рециклирај денес”.
Екологија
Се селектира отпад во општина Карпош
Проектот на УСАИД за рециклирање пластика обезбеди 30.000 американски долари за спроведување на општинската програма за примарно собирање и селекција на пластика и хартија во општината Карпош.