ПРОЕКТ „шКОЛА ЗА ДЕМОКРАТИЈА“
Десет “демократски” тетраткиВо втората половина на јуни ќе излезат од печат десетте тетратки по демократија, како дел од проектот „школа за демократија“ кој го иницираа и го спроведуваат Институтот за демократија, солидарност и цивилно општество (ИДСЦО) и Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ).
|  |
ВО КРУшЕВО
Прославен Националниот ден на ВласитеЛигата на Власите од Македонија, заедно со влашкото здружение „Никола Бацарија“, во Крушево организираа Свечена академија, со што беше одбележан Националниот ден на Власите – 23 мај. Гостите, меѓу кои Власи и нивни пријатели од цела Македонија, претставници на политички партии и невладини организации, имаа можност да проследат богата културно-уметничка програма. Делегација на влашките здруженија од Македонија положи свежо цвеќе на спомениците на Питу Гули, Никола Карев и на Мечкин камен. По повод Националниот ден на Власите, во Скопје беше организирана изложба под наслов „Од староградските влашки одаи“, а претставници на Власите имаа средба со премиерот Бранко Црвенковски и претседателот на Собранието, Никола Поповски.
|  |
НА ДЕНОТ НА ЕВРОПА
Македонското и европското знаме на врвот на ВодноАмбасадорот Донато Киарини, шеф на Делегацијата на Европската комисија во Македонија, го предаде знамето на ЕУ на претставници на здружението „Европското движење на РМ” и на планинарското друштво „Кораб“, кои ги однесоа, заедно со македонското знаме, на планината Водно.
|  |
ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ОБСЕ
Трчачка мировна манифестацијаВо организација на ОБСЕ, а под покровителство на претседателот на Македонија, г. Борис Трајковски, на 18 мај годинава, се одржа традиционалната „Цветна трка“. Се трчаше на релацијата Тетово-Скопје, долга 42 км. Оваа манифестација се одржува седми пат, од 1995 година, во традиционален спортски и хуманитарен дух. Како што изјави портпаролот на ОБСЕ, г. Волфганг Гревен, трката претставува голема мирна демонстрација и доказ дека е можно луѓе од различни националности заедно да работат и да се забавуваат.
|  |
ЕКСПО ПРЕДА 2003
Учество на 42 здруженијаГолем број граѓани во двата дена, од 9 до 10 мај оваа година во Прилеп, го посетија вториот саем на мало стопанство „Преда Експо 2003”, каде учество зедоа околу 42 здруженија на граѓани. Во организација на три здруженија од Прилеп: ФАК, ФЕНИКС и Вис вива со координација од Центарот за поддршка на НВО -Прилеп, на овогодишниот саем учество зедоа и невладини организации коишто имаа изложбен простор и организираа Форум на тема „Коалицирање”, поддржано од МЦМС и од ФИООМ. |  |
|