ЕКСПО ПРЕДА 2003

Учество на 42 здруженија

 
Голем број граѓани во двата дена, од 9 до 10 мај оваа година во Прилеп, го посетија вториот саем на мало стопанство „Преда Експо 2003”, каде учество зедоа околу 42 здруженија на граѓани. Во организација на три здру­женија од Прилеп: ФАК, ФЕ­НИКС и Вис вива со ко­орди­нација од Центарот за под­дршка на НВО -Прилеп, на овогодишниот саем учество зедоа и невладини орга­ни­зации коишто имаа из­ложбен простор и орга­низираа Форум на тема „Коали­ци­рање”, поддржано од МЦМС и од ФИООМ.

На Форумот беа одржани четири панел-дискусии: Од­но­­сите на НВО со инсти­туциите на власта; Соработка по­меѓу НВО и бизнис-сек­торот; Подем, развој и коалицирање помеѓу невладините органи­зации, и Сора­ботка помеѓу НВО и медиумите.                                                                                                              

Г.Ш.