НА ДЕНОТ НА ЕВРОПА

Македонското и европското знаме на врвот на Водно

Амбасадорот Донато Киарини, шеф на Делегацијата на Европската комисија во Македонија, го предаде знамето на ЕУ на претставници на здружението „Европското движење на РМ” и на планинарското друштво „Кораб“, кои ги однесоа, заедно со маке­донското знаме, на планината Водно.

Ова беше една од активностите со кои Делегацијата на ЕК го одбележа 9 мај, Денот на Европа. Во активностите се вклучи и министерот за транспорт и врски, г. Милаим Ајдини, кој заедно со амбасадорот Киарини и шефот на Европската агенција за рекон­струкција, г. Даниел Џулиарис, го посетија проектот за изградба на автопатот Е-75, финансиран од ЕУ. Исто така, Мајските оперски вечери во Скопје беа отворени под знамето на ЕУ. По овој повод беа отворени информативни точки на Европската Унија во Информативните центри на општините Битола, Куманово, Гостивар, Кочани и Кавадарци. Делегацијата на ЕК, исто така, учествуваше во неколку дебати поврзани со ЕУ, орга­низирани од „Европско движење на РМ“. Годинава Делегацијата на ЕК ја востанови наградата „Жан Моне“ за најдобар но­винарски напис на тема поврзана со ЕУ. Наградата годинава Ќе ја додели  независна жири-комисија со која ќе претседава проф. Димитар Мирчев, претседател на „Европско движење на Р“.

Денот на Европа е востановен по повод објавувањето на шумановата декларација, изготвена од францускиот министер за надворешна политика Робер шуман на 9 мај 1950 година, која го објави планот за формирање на Заедницата за јаглен и челик меѓу Франција и Германија. Информации во врска со ЕУ можете да добиете во Инфор­мативниот центар на Европската комисија во Скопје (02/122-032).                                               

Д. Медароски