|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
6-8 јуни
Денови на културата во Врапчиште
Здружението „Милениум“ од Врапчиште организира Денови на културата, на кои Ќе го претстави културното наследство на ова село. Деновите опфаќаат спортски натпревари (со најголемата атракција - борба на пеливани), дефиле на народни носии, трибина и отворање музеј-соба. Оваа активност е дел од проектот поддржан со програмата „Живо наследство“ на белгиската фондација Крал Бодуен и Фондацијата Институт отворено општество - Македонија.
|
|
|
|
3 јуни
ЕРИНА - регионална средба со НВОПравниот центар на здружението ЕРИНА организира регионални средби со граѓани и претставници на граѓанските здруженија, на кои тие Ќе можат да ги изнесат проблемите поврзани со животната средина во своите заедници и да добијат бесплатна правна помош, совети и информации како можат да ги решат проблемите со помош на правните механизми. Првата ваква средба се одржа во Охрид, а следната е закажана за 3 јуни во Крива Паланка. |  |
4 јуни
Меѓународен ден на децата-жртви на војнитеОвој ден во светот е посветен на неброените деца - жртви на безбројните војни, насекаде во светот. Децата се најневините жртви на секоја војна. Меѓународниот ден посветен на нив, треба да биде повод возрасните - креатори на војните, да отстапат пред неприкосновеното право на децата да живеат во мир и благостостојба. |  |
5 јуни
Светски ден на животната срединаПетти јуни во целиот свет се прославува како меѓународен ден посветен на животната средина и нејзината заштита. На овој ден, многу луѓе од светот, поединци, граѓански организации, но и големи институции како Организацијата на Обединетите нации и нејзините многубројни програми, истапуваат гласно искажувајЌи ја својата загриженост за еколошката деградација на нашата планета. Овој датум е вистински вовед за граѓански активизам. |  |
6-8 јуни
Денови на културата во ВрапчиштеЗдружението „Милениум“ од Врапчиште организира Денови на културата, на кои Ќе го претстави културното наследство на ова село. Деновите опфаќаат спортски натпревари (со најголемата атракција - борба на пеливани), дефиле на народни носии, трибина и отворање музеј-соба. Оваа активност е дел од проектот поддржан со програмата „Живо наследство“ на белгиската фондација Крал Бодуен и Фондацијата Институт отворено општество - Македонија. |  |
8 јуни
Светски ден на океанитеОвој датум е посветен на океаните - еден од најважните еколошки системи на нашата планета и меѓу клучните регулатори на нејзиниот глобален еколошки систем и на нејзината глобална клима. И овие огромни водени пространства се загадуваат и се деградираат од страна на човекот, наместо да бидат препознаени и одржливо употребени како извор на исхрана и лекување на многу болести. |  |
17 јуни
Ден на борба против суши и поплавиСушите и поплавите се природни феномени кои одземаат животи, ја деградираат животната средина и придонесуваат за продлабочување на сиромаштијата во многу региони во светот. Меѓународниот ден на борба против сушите и поплавите, востановен од ООН, има за цел да ја поттикне и да ја зајакне борбата против овие негативни природни влијанија, кои во многу случаи се предизвикани од човековите активности (сечење на шумите, промена на климата и микроклимата, загадување на животната средина). |  |
23-24 јуни
Соседство за сите возрастиВо Стафордшајр, Велика Британија, ќе се одржи конференција на тема: Соседство за сите возрасти - меѓугенерациска работа во Британија. Конференцијата ја организира Центарот за интергенерациски практики на Универзитетот Кил во Стафордшајр и ќе опфати повеќЌе теми, како: граѓанство, менторство, интергенерациски уметности, работа меѓу стари и млади лица, безбедност на децата и на возрасните (информации на www.centerforip.org.uk). |  |
27-29 јуни
Детски камп “Итар Пејо”Еколошкото друштво „Кајмакчалан“, во соработка со општина Старавина и ликалните жители, организира детски камп, наречен „Итар Пејо“, на кој ќе присуствуваат 18 деца со свои ментори. Децата ќе бидат избрани како автори на најдобри ликовни и литературни творби на тема Мариово и, со посебен акцент ликот на Итар Пејо, по објавениот конкурс. Овој детски камп ќе биде проследен со бројни активности (посета на природните локалитети, културните вредности на Мариово, работилниници за производство на сирење и вртење мед, раскажување на мариовски приказни од страна на постарите жители). Кампот е дел од проектот што се спроведува во рамките на програмата „Живо наследство“ на фондациите Крал Бодуен од Белгија и Институт отворено општество – Македонија. |  |
|
|