Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Календар

   

8 јуни

Светски ден на океаните

Овој датум е посветен на океаните - еден од најважните еколошки системи на нашата планета и меѓу клучните регулатори на нејзиниот глобален еколошки систем и на нејзината глобална клима. И овие огромни водени пространства се загадуваат и се деградираат од страна на човекот, наместо да бидат препознаени и одржливо употребени како извор на исхрана и лекување на многу болести.
 

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
3 јуни
ЕРИНА - регионална средба со НВО
Правниот центар на здружението ЕРИНА организира регионални средби со граѓани и претставници на граѓанските здруженија, на кои тие Ќе можат да ги изнесат проблемите поврзани со животната средина во своите заедници и да добијат бесплатна правна помош, совети и информации како можат да ги решат проблемите со помош на правните механизми. Првата ваква средба се одржа во Охрид, а следната е закажана за 3 јуни во Крива Паланка.
4 јуни
Меѓународен ден на децата-жртви на војните
Овој ден во светот е посветен на неброените деца - жртви на безбројните војни, насекаде во светот. Децата се најневините жртви на секоја војна. Меѓународниот ден посветен на нив, треба да биде повод возрасните - креатори на војните, да отстапат пред непри­косно­веното право на децата да живеат во мир и благостостојба.
5 јуни
Светски ден на животната средина
Петти јуни во целиот свет се прославува како меѓународен ден посветен на животната средина и нејзината заштита. На овој ден, многу луѓе од светот, поединци, граѓански организации, но и големи институции како Организацијата на Обединетите нации и нејзините многубројни програми, истапуваат гласно искажувајЌи ја својата загриженост за еколошката деградација на нашата планета. Овој датум е вистински вовед за граѓански активизам.
6-8 јуни
Денови на културата во Врапчиште
Здружението „Милениум“ од Врапчиште организира Денови на културата, на кои Ќе го претстави културното наследство на ова село. Деновите опфаќаат спортски нат­превари (со најголемата атракција - борба на пеливани), дефиле на народни носии, три­бина и отворање музеј-соба. Оваа активност е дел од проектот поддржан со програмата „Живо наследство“ на белгиската фондација Крал Бодуен и Фондацијата Институт отво­рено општество - Македонија.
8 јуни
Светски ден на океаните
Овој датум е посветен на океаните - еден од најважните еколошки системи на нашата планета и меѓу клучните регулатори на нејзиниот глобален еколошки систем и на нејзината глобална клима. И овие огромни водени пространства се загадуваат и се деградираат од страна на човекот, наместо да бидат препознаени и одржливо употребени како извор на исхрана и лекување на многу болести.
17 јуни
Ден на борба против суши и поплави
Сушите и поплавите се природни феномени кои одземаат животи, ја деградираат живот­ната средина и придонесуваат за про­длабочување на сиромаштијата во многу региони во светот. Меѓународниот ден на борба против сушите и поплавите, востановен од ООН, има за цел да ја пот­тикне и да ја зајакне борбата против овие негативни природни вли­јанија, кои во многу случаи се пре­дизвикани од човековите ак­тивности (сечење на шумите, промена на климата и микро­климата, загадување на живот­ната средина).
23-24 јуни
Соседство за сите возрасти
Во Стафордшајр, Велика Бри­танија, ќе се одржи кон­ферен­ција на тема: Соседство за сите возрасти - меѓу­гене­ра­циска ра­бота во Британија. Кон­фе­рен­цијата ја организира Центарот за интергенерациски практики на Универзитетот Кил во Стафор­дшајр и ќе опфати повеќЌе теми, како: гра­ѓанство, менторство, интер­гене­рациски уметности, работа меѓу стари и млади лица, безбедност на децата и на возрасните (информации на www.centerforip.org.uk).
27-29 јуни
Детски камп “Итар Пејо”
Еколошкото друштво „Кајмакчалан“, во соработка со општина Старавина и ликалните жители, организира детски камп, наречен „Итар Пејо“, на кој ќе присуствуваат 18 деца со свои ментори. Децата ќе бидат избрани како автори на најдобри ликовни и лите­ратурни творби на тема Мариово и, со посебен акцент ликот на Итар Пејо, по објавениот конкурс. Овој детски камп ќе биде проследен со бројни активности (посета на природните локалитети, културните вредности на Мариово, работилниници за производство на сирење и вртење мед, раскажување на мариовски приказни од страна на постарите жители). Кампот е дел од проектот што се спроведува во рамките на програмата „Живо наследство“ на фондациите Крал Бодуен од Белгија и Институт отворено општество – Македонија.
 

©MCMS - designed by KOMA