|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
ПРЕТСТАВНИК НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА ВО ПОСЕТА НА ТУРЦИЈА
Човековите права - фокус на посетатаВо јуни Турција беше посетена од претставникот на Советот на Европа, комесарот за човекови права, Алваро Жил Робле. Официјалната дводневна посета опфати повеќе средби со претставниците на турската влада, на парламентот и на судските и другите органи на правдата. |  |
ОЦЕНКА НА ЕКСПЕРТИ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА
Верските заедници во Бугарија обесправениЕксперти на Европската комисија изнесоа критики на бугарскиот Закон за верските заедници во Бугарија, таканаречениот Акт за конфесиите. Во оценката на европските експерти се вели дека овој закон “го минира верскиот плурализам во Бугарија”.
|  |
РОМАНИЈА
Казни поради дискриминација на Ромите
 Две компании од Ботосани, во Романија, се казнети поради дискриминација на Роми. Станува збор за два бара кои не дозволувале влез за ромските граѓани, а во еден од нив бил истакнат написот “Не служиме Роми”. |  |
НОВА ИНИЦИЈАТИВА
Балканска довербаАмериканската агенција за меѓународен развој (УСАИД), германскиот Маршалов фонд на Соединетите Држави (ГМФ) и Фондацијата Чарлс Стјуарт Мот објавувија нова иницијатива вредна 25 милиони долари за поддршка на доброто владеење во Југоисточна Европа. Балканска доверба, со седиште во Белград, ќе започне со делување ова летото и ќе работи во Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Косово, Македонија, Србија и Црна Гора и во Романија.
|  |
ЕВРОПСКА КОМИСИЈА
Евро програма за Хрватска од 62 милиони евраЕвропската комисија на 6 јуни ја лансираше Евро програмата за Хрватска, која во 2003 година ќе поддржи повеќе иницијативи, со вкупна вредност од 62 милиони евра. |  |
|
|
|
|