ПРЕТСТАВНИК НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА ВО ПОСЕТА НА ТУРЦИЈА
Човековите права - фокус на посетата
Во јуни Турција беше посетена од претставникот на Советот на Европа, комесарот за човекови права, Алваро Жил Робле. Официјалната дводневна посета опфати повеќе средби со претставниците на турската влада, на парламентот и на судските и другите органи на правдата.
Целта, секако беа човековите права и нивното остварување во Турција. Комесарот преку оваа посета изврши и евалуација на реформите кои неодамна Турција ги спроведе во областа на човековите права. Тој се сретна и со претставници на локалната самоуправа и на граѓанските здруженија надвор од турската престолнина.
М.И.
|