НОВА ИНИЦИЈАТИВА
Балканска доверба
Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), германскиот Маршалов фонд на Соединетите Држави (ГМФ) и Фондацијата Чарлс Стјуарт Мот објавувија нова иницијатива вредна 25 милиони долари за поддршка на доброто владеење во Југоисточна Европа. Балканска доверба, со седиште во Белград, ќе започне со делување ова летото и ќе работи во Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Косово, Македонија, Србија и Црна Гора и во Романија.
Околу 2 милиони долари годишно во грантови ќе им бидат доделени на граѓански организации, домашни невладини организации, локални и регионални влади, образовни институции и медиуми за поддршка на локални иницијативи кои ја подобруваат врската меѓу граѓаните и нивните влади. Грантови, исто така, ќе бидат наменети за меѓугранична соработка со цел да се подобри развојот на политичкото и граѓанското општество во поширокиот регион, што е неопходно за долгорочна стабилност во Југоисточна Европа. Повеќе информации: њњњ.усаид.гов
(Луке Захнер, ЛзахнерЖусаид.гов) или на њњњ.гмфус.орг (Абигаил Голден-Вазљуез аголденвазљуезЖгмфус.орг).
Г.Ш.
|