|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
ГРАДЕЊЕ ДОВЕРБА ПОМЕЃУ ЦРКВИТЕ И ВЕРСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА ПРЕКУ ДИЈАЛОГ
Дијалог за доверба
Од 10 до 14 мај, во хотелот „Панорама” во Скопје, во организација на Институтот за глобален дијалог, а со поддршка на МЦМС се одржа меѓународна конференција на темата „Градење доверба помеѓу црквите и верските заедници преку дијалог”.
Конференцијата имаше за цел да ја поттикне довербата и подоброто разбирање помеѓу црквите и верските заедници како придонес за мирот во Македонија, а на неа учествуваа повеќе од 40 меѓународни еврејски, христијански и муслимански научници кои ја избраа Македонија како седиште за својот 24 -ти годишен дијалог. Научниците доаѓаа од Јордан, Индија, Пакистан, Русија, Јапонија, Израел, Турција, Србија, Мароко, Швајцарија, Германија, Франција, Белгија, Англија, Канада, Соединетите Американски Држави и од други држави. На нив им се придружија педесет верски водачи и научници од Македонија.
Воведниот збор го имаа архиепископот охридски и македонски, господин господин Стефан, реиз ул улема Хафиз Ариф Емини од Исламската заедница на Македонија, католичкиот бискуп д-р Јоаким Хербут, пасторот Михаил Цеков од Евангелистичко-методистичката црква и г. Виктор Мизрахи од Еврејската заедница.
Во склоп на презентациите на меѓународните научници, учесниците на Конференцијата присуствуваа на религиските миси и служби каде што имаа можност да ги слушнат претставниците на петте поголеми цркви и верски заедници во Македонија. Две од предвидените сесии беа водени во Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски” – Скопје и во Факултетот за исламски науки - Скопје.
На крајот на Конференцијата учесниците усвоија Заедничка порака за понатамошни активности – основање совет за меѓурелигиска соработка, воспоставување редовни средби и контакти и воспоставување соработка помеѓу нивните образовни институции.
|
|
|
|
ГРАДЕЊЕ ДОВЕРБА ПОМЕЃУ ЦРКВИТЕ И ВЕРСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА ПРЕКУ ДИЈАЛОГ
Дијалог за довербаОд 10 до 14 мај, во хотелот „Панорама” во Скопје, во организација на Институтот за глобален дијалог, а со поддршка на МЦМС се одржа меѓународна конференција на темата „Градење доверба помеѓу црквите и верските заедници преку дијалог”.
|  |
ВИТРА
Спречување на трговијата со луѓеВо организација на Фондацијата ВИТРА (Визија, иницијатива, творештво, развој и афирмација), од 24 до 26 мај, 2002 г. во Охрид, се одржа семинарот „Спречување на трговијата со луѓе”, на кој присуствуваа 35 претставници од невладиниот сектор, електронските и пишаните медиуми, како и експерти од оваа област. Семинарот го водеа проф. д-р Љупчо Арнаудовски и проф. д-р Трпе Стојановски. |  |
| ПОЛИО ПЛУС ПРЕД ЗГРАДАТА НА АРХИТЕКТОНСКИОТ ФАКУЛТЕТ И ПРЕД МНТ
Уличен театар - „Која е смислата на животот”
 Невладината организација Полио плус – постполио група за поддршка и активирање на лицата со посебни потреби ја продолжи својата кампања за надминување на архитектонските бариери. Овој пат, на 10 мај, во серијата улични претстави што одат под мотото „Која е смислата на животот” Полио плус се најде пред зградата на Архитектонскиот факултете во Скопје, уште еден непристапен објект за лицата со посебни потреби, и пред платото на Македонскиот народен театар (МНТ).
|  |
|
|
|