Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Демократија и човекови права

   

ВИТРА

Спречување на трговијата со луѓе

Во организација на Фондацијата ВИТРА (Визија, иницијатива, творештво, развој и афирмација), од 24 до 26 мај, 2002 г. во Охрид, се одржа семинарот „Спречување на трговијата со луѓе”, на кој присуствуваа 35 претставници од невладиниот сектор, електронските и пишаните медиуми, како и експерти од оваа област. Семинарот го водеа проф. д-р Љупчо Арнаудовски и проф. д-р Трпе Стојановски.
Семинарот претставува логично продолжување на препораките на работната група „Женски права човекови права” што се одржа во рамките на Втората меѓународна конференција „Жената во 21 век: Улогата на жената во развојот на демократијата во југоисточна Европа„, минатиот месец.

Со цел да се покрене јавното мислење и да се развие свесноста за постоењето на проблемот со трговијата со луѓе, при што особено се загрозени жените, учесниците на семинарот работеа на темите: Трговијата со луѓе како посебен облик на организираниот криминал; Сексуалноста и сексуалната девијација, проституцијата и криминалитетот; Феноменолошки и криминолошки карактеристики на организираниот криминал; Трговијата со луѓе низ меѓународните документи, со осврт на Протоколот за превенција, сузбивање и казнување на трговијата со луѓе; и, Програма за акција против трговијата со луѓе.

Присутните се сложија дека криминалитетот "трговија со луѓе", неговото превенирање и сузбивање е работа на државните институции и бара нивно подобро организирање и соработка. Постојната македонска легислатива не е целосно хармонизирана за да овозможи ефикасно спречување и сузбивање на органзираниот криминалитет, вклучително и на трговијата со луѓе. Невладините организации и медиумите имаат значајна улога во јакнењето на свеста за опасностите што се јавуваат од "трговијата со луѓе" во насока на нејзина превенција и сузбивање. Исто така беше истакнато дека билатералната и регионалната соработка меѓу државите, особено регионалната соработка на невладиниот сецтор, претставуваат прва и многу значајна фаза за превенцијата и сузбивање на трговијата со луѓе.

Заклучоците од семинарот "Спречување на трговијата со луѓе" се доставени до медиумите, до невладините органзиации, до државните институции и служби и до меѓународните агенции.

Покрај овој семинар, на кој присуствуваа креаторите на јавното мислење, ВИТРА, во почетокот на јуни, ќе организира работилница за професионално ангажираните лица во третманот на проблемот со трговијата со луѓе од Министерството за внатрешни работи, од јавното обвинителство, од судовите и од службите за социјална работа.

Л. Алчева-Јовановска

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
ГРАДЕЊЕ ДОВЕРБА ПОМЕЃУ ЦРКВИТЕ И ВЕРСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА ПРЕКУ ДИЈАЛОГ
Дијалог за доверба
Од 10 до 14 мај, во хотелот „Панорама” во Скопје, во организација на Институтот за глобален дијалог, а со поддршка на МЦМС се одржа меѓународна конференција на темата „Градење доверба помеѓу црквите и верските заедници преку дијалог”.
ВИТРА
Спречување на трговијата со луѓе
Во организација на Фондацијата ВИТРА (Визија, иницијатива, творештво, развој и афирмација), од 24 до 26 мај, 2002 г. во Охрид, се одржа семинарот „Спречување на трговијата со луѓе”, на кој присуствуваа 35 претставници од невладиниот сектор, електронските и пишаните медиуми, како и експерти од оваа област. Семинарот го водеа проф. д-р Љупчо Арнаудовски и проф. д-р Трпе Стојановски.
ПОЛИО ПЛУС ПРЕД ЗГРАДАТА НА АРХИТЕКТОНСКИОТ ФАКУЛТЕТ И ПРЕД МНТ
Уличен театар - „Која е смислата на животот”

Невладината организација Полио плус – постполио група за поддршка и активирање на лицата со посебни потреби ја продолжи својата кампања за надминување на архитектонските бариери. Овој пат, на 10 мај, во серијата улични претстави што одат под мотото „Која е смислата на животот” Полио плус се најде пред зградата на Архитектонскиот факултете во Скопје, уште еден непристапен објект за лицата со посебни потреби, и пред платото на Македонскиот народен театар (МНТ).
 

©MCMS - designed by KOMA