|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
СОЖМ
Родовиот концепт и медиумитеВо рамките на проектот „Жените и медиумите“, во организација на Сојузот на организациите на жените на Република Македонија (СОЖМ), на 18 април годинава, во Клубот на пратениците во Скопје се одржа семинар за оценување од мониторингот на медиумите со новинарите и уредниците од печатените и електронските медиуми од Република Македонија.
|  |
НА ДЕНОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА
Едукација на најмладитеМеѓународниот Ден на планетата Земја, кој годинава беше посветен на животниот ресурс - водата, традиционално се одбележа и во Македонија. Министерот за животна средина и просторно планирање, г. Љубомир Јанев, за важноста на животната средина и нашиот однос кон неа им зборуваше на најмалите во детската градинка “Пролет” и Франкофонската градинка. Децата од овие две градинки организираа приредби за своите родители и гостите.
|  |
| Крива Паланка
Јавна расправа за далноводот Македонија-БугаријаВо Собранието на општина Крива Паланка, во организација на Електростопанство на Македонија, на 16 април годинава се одржа јавна расправа на темата „Изградбата на нов далновод помеѓу Македонија и Бугарија и Студијата за оценка на влијанието врз животната средина од неговата изградба и работа“.
|  |
|
ЕКО-АВТОБУС
Малку поинаку, многу подоброПо повод 22 април, денот на планетата Земја, а во рамките на проектот „Еко-автобус“, Здружението на граѓани „Проактива“ од Скопје на 19 април годинава организира промоција на два автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ кои работат на природен гас. Промоцијата се организира под мотото „Малку поинаку, многу подобро“. „На сите заинтересирани им поделивме печатен материјал со податоци за загадувањето во Скопје и во Македонија, особено од загадувањето од транспортниот сектор и какви би биле придобивките за животната средина доколку автобусите од јавниот транспорт се пренаменат да користат природен гас“, изјави координаторот на Проектот, Владимир Карчиски од „Проактива“.
|  |
Демократија и човекови права |
ЕЛСА
Дипломатија и дипломатски вештини„Дипломатија и дипломатски вештини - мирно решавање на конфликти“ беше тема на конференцијата која се одржа од 17 до 20 април годинава во Охрид, во организација на Европската правна асоцијација на студенти. - Сметаме дека во нашава држава не постои доволна информираност, посебно кај младите, за прашања на оваа тема. Токму актуелноста на дипломатијата и напорите за мирно решавање на конфликтите во земјава, беше причина да организираме семинар на оваа тема - вели Маја Камбовска од ЕЛСА.
|  |
| ХДЗР “МесеЧина”
Граѓански советодавни центриПрограмата „Граѓански советодавни центри“ за подобрување на социо-економската положба на маргинализираните групи во Република Македонија, особено на ромската популација, како и за подобрување на информираноста и зајакнување на свеста на граѓаните за остварување на нивните права, треба да создаде објективна основа за влијание врз власта; придонес кон надминување на предрасудите и негативната стереотипизација во однос на маргинализираните групи во Република Македонија; |  |
|
ПРОГРАМА ЖИВО НАСЛЕДСТВО
Работилница за старата чаршија...Работилницата за старата чаршија во Скопје, што се одржа на 18 април годинава, во просториите на Чифте амамот и Домот на занаетчиите, имаше за цел да ги собере сите заинтересирани страни и да поттикне заедничка акција и стратегија за ревитализација на овој простор. Работилницата е дел од проектот на НИК „Лист“, во рамките на програмата Живо наследство, која во Македонија ја спроведуваат фондациите Крал Бодуен од Белгија и Институт Отворено општество - Македонија. Во реализацијата на оваа работилница, покрај овие две фондации, свој придонес даде и германската фондација Конрад Аденауер. |  |
МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА И ФИООМ
Поддршка на домовите на културатаМинистерот за култура на Република Македонија, г. Благоја Стефановски и извршниот директор на Фондацијата Институт Отворено општество - Македонија, г. Владимир Милчин, на 15 април годинава потпишаа Протокол за соработка во рамките на Програмата на ФИООМ за поддршка на домовите на културата.
|  |
|
|
|
|