НА ДЕНОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА
Едукација на најмладите
Меѓународниот Ден на планетата Земја, кој годинава беше посветен на животниот ресурс - водата, традиционално се одбележа и во Македонија. Министерот за животна средина и просторно планирање, г. Љубомир Јанев, за важноста на животната средина и нашиот однос кон неа им зборуваше на најмалите во детската градинка “Пролет” и Франкофонската градинка. Децата од овие две градинки организираа приредби за своите родители и гостите.
Во Зоолошката градина во Скопје беше одржан ликовен хепенинг, организиран од Домот на културата „Кочо Рацин“ и Канцеларијата за спроведување на Локалниот еколошки план на Скопје.
Во Велес, еколошкото друштво „Бреза“ направи голема торта по повод „роденденот“ на планетата Земја, која им беше делена на минувачите на градскиот плоштад.
М.И.
|