ДРУШТВО ЗА НАУКА И КУЛТУРА “ПАРАДИГМА” - КУМАНОВО
Корени
Друштвото за наука и култура “Парадигма” од Куманово го издава спи­­санието за ли­тература, граѓански прашања и наука, “Корени - Рренјет - Коклер - Зартисинји - Дархиа”. Списанието објавува текстови на македонски, ромски, ал­бански, турски, влашки, српски и други автори, на нивните јазици и писма.
МЛАДИНСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР И МАЛА СЦЕНА - БИТОЛА
Сакам РАБОТА!
Младинскиот културен центар - Битола во сора­ботка со Мала сцена - Битола, ја издадоа бро­шурата “Сакам РА­БО­ТА!”, во која ги прет­ставуваат проектните ак­тив­ности на истоимениот проект (но­ември 2002 - април 2003 година), чија цел е инфор­мирање и поддршка на невра­ботените, размена на мислења преку форумот на истои­мената веб-страница
ТЕМПЛУМ
Зборгија во серајот
Темплум, во својата еди­ција “Магма”, издаде уште една интересна кни­га - Зборгија во се­рајот, од авторот Шун­димитар Сармаџиев. Под овој псевдоним се крие автор од Скопје, чија куса, на оригинален на­чин претставена био­гра­фија, може да се најде меѓу страниците на са­мата книга.
ЏУНЏУЛЕ
Шал-бал 2003
Центарот за детско умет­ничко изразување, му­зикотерапија и психо-фи­зичка релаксација “Џун­џуле” издаде ЦД и бро­шура на кои се прет­ста­вени 11 музички творби кои учествуваа на Фестивалот на деца-автори “Шал-бал 2003”. Спонзор на фестивалот, како и на двете изданија, е Фондацијата “Мобимак”, а поддршка дадоа и уште неколку бизнис-субјекти (“Оливети”, “Јамаха - До ре ми”, “Усје”, “Унипрес”, ДГ “Тим”, “Европа 92”, “Имиџ +”, Фото “Бимбо Милениум”, хотел “Панорама” - Скопје, “Про - Агенс” и скоп­ската општина Центар). 
ЕД “КАЈМАКЧАЛАН” - СТАРАВИНА
Мариово 2003
Еко­лошкото друштво “Кај­­­­макчалан” од село Старавина, Мариово, ја издаде брошурата “Мари­ово 2003”, која е дел од проектот “Детски камп Итар Пејо” спроведен во рам­ките на Програмата “Жи­во наследство”, која ја спроведуваат Фон­да­ци­јата Крал Бодуен од Бел­гија и Фондацијата Институт отворено општество - Македонија.
МИА
СИДА
Здружението за здрав­ствено просветување и унапредување на здрав­јето - МИА од Скопје, е издавач на книгата СИ­ДА, од ав­торот д-р Весна Ве­лиќ Сте­ф­ановска. На по­четокот, може да се про­чита мотото кое ја изра­зува целта на оваа книга - “Не игнорирање, туку ХИВ/СИДА соочување”.
МЛАДИНСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР - БИТОЛА
Младинскиот културен центар од Битола го издава списанието “Тхе култ”, со поднаслов “За културна и ментална деконтаминација”. Спи­санието е поддржано од Про­хел­веција и СДЦ.