ТЕМПЛУМ
Зборгија во серајот
Темплум, во својата едиција “Магма”, издаде уште една интересна книга - Зборгија во серајот, од авторот Шундимитар Сармаџиев. Под овој псевдоним се крие автор од Скопје, чија куса, на оригинален начин претставена биографија, може да се најде меѓу страниците на самата книга.
Во оваа невообичаена книга можете да прочитате по нешто за мрачните тинејџери, училетки и уличетки комплет со Клетаучита и мачотилда, чудни комшии, лудаци и многу други интересни нешта.
|