ЕД “КАЈМАКЧАЛАН” - СТАРАВИНА

Мариово 2003

Еко­лошкото друштво “Кај­­­­макчалан” од село Старавина, Мариово, ја издаде брошурата “Мари­ово 2003”, која е дел од проектот “Детски камп Итар Пејо” спроведен во рам­ките на Програмата “Жи­во наследство”, која ја спроведуваат Фон­да­ци­јата Крал Бодуен од Бел­гија и Фондацијата Институт отворено општество - Македонија.

Во брошурата се претставени детските ликовни и литературни творби, селектирани на конкурсот објавен во рамките на проектот. Авторите на овие творби се инспирирани од културното наследство на Мариово, а по­себно од јунакот од народните приказни - Итар Пејо. Децата учествуваа и на три­дневниот Детски камп Итар Пејо во Ста­равина.