Хрватска
Некомпетентно управување со фондовите ИПА - причина за губење на средствата
Коалицијата на граѓанските организации ја обвинува Владата на Хрватска дека го сокрила губењето на средствата од европските претпристапни фондови со својата некомпетентност и & порачуваат на Владата итно да го зголеми капацитетот и квалитетот на работа на средишната единица за финансирање и договарање при Министерството за финансии, но и да воведе контрола на квалитетот на работа.
Србија
Граѓанското општество ја повикува ЕУ да го потпише САП што побрзо
Група граѓански организации од Србија упатија отворено писмо до владите од земјите членки на Европска Унија, до претставникот на Европската комисија, до Високиот претставник за надворешна политика и безбедност и до Комесарот за проширување, поздравувајќи ги последните напори за забрзување на Србија да & се приближи на Унијата.
Европски парламент
Визи за Западниот Балкан
Европскиот парламент го даде своето одобрение за пакетот за олеснување на визниот режим кон западнобалканските држави.