Србија
Граѓанското општество ја повикува ЕУ да го потпише САП што побрзо
Група граѓански организации од Србија упатија отворено писмо до владите од земјите членки на Европска Унија, до претставникот на Европската комисија, до Високиот претставник за надворешна политика и безбедност и до Комесарот за проширување, поздравувајќи ги последните напори за забрзување на Србија да & се приближи на Унијата.
НВО се убедени дека таквиот пристап единствено може да ја одржи отворена европската иднина на Србија, да ја спречи нејзината изолација од страна на недемократските и квазидемократските сили и ја повикуваат ЕУ да потпише договор за стабилизација и придружување што е можно поскоро. Потпишувањето на САП обезбедува рамка за граѓанското општество, демократските политички сили и деловната заедница да ја придвижат државата во правец на неповратен демократски развој, бидејќи приближувањето кон ЕУ е прашање на консолидирање на демократските промени низ кои поминала Србија. „САП може да ги охрабри и промовира новите коалиции внатре во српските политички структури кои ќе ја забрзат европеизацијата на српското општество, политичкиот, економскиот и правниот простор”, стои во писмото.
Граѓанските организации додаваат дека ЕУ мора да одржува интензивен постојан дијалог со Србија, која ќе го вклучува и граѓанското општество, здруженијата на малите и средните претпријатија, професионалните здруженија и сите проевропски политички партии. „Заради тие причини, ги повикуваме владите на земјите членки на ЕУ да го дадат својот глас за потпишување на САП што е можно поскоро”, се заклучува во отвореното писмо.
Г.Ш.
извор: онењорлд.нет
|
|