Хрватска

Некомпетентно управување со фондовите ИПА - причина за губење на средствата

Коалицијата на граѓанските организации ја обвинува Владата на Хрватска дека го сокрила губењето на средствата од европските претпристапни фондови со својата некомпетентност и & порачуваат на Владата итно да го зголеми капацитетот и квалитетот на работа на средишната единица за финансирање и договарање при Министерството за финансии, но и да воведе контрола на квалитетот на работа.

Според Коалицијата, неспособноста и искористувањето на претпристапните фондови, кои се неколку пати пониски од структурните фондови, би можело да доведе сумата на членарината да ја надмине сумата на средства кои државната, регионалната или локалната самоуправа ќе ги повлечат и инвестираат во развојни проекти.

Организациите ги загрижува фактот што еден меѓународен конкурс е поништен заради „течење” на информации, односно добивање повластени информации на една од фирмите која се натпреварувала на конкурсот, со што Државниот завод за заштита на природата изгубил преку 800.000 евра за развој на информацискиот систем. „За лошата искористеност на средствата од европските фондови, одговорност има единствено Р. Хрватска, бидејќи не организирала квалитетен систем на управување, а директна одговорност имаат корисниците на тие средства”, тврдат организациите и бараат хрватската влада приоритетно да ги спроведува барањата на Европската комисија во поглед на унапредување на системот за управување со фондовите и да им овозможи на вработените на СЕФД и другите одговорни тела стимулативни примања, кои ќе бидат во склад со нивните капацитети, висината на одговорноста и обемот на работата.

Г.Ш.

извор: oneworld.net