ШКОЛА ЗА ДЕМОКРАТИЈА
Учење и преку веб-страницаВо рамките на проектот “Школа за демократија”, што го спроведува Фондацијата Институт отворено општество - Македонија, изготвена е и веб-страница, на која можат да се најдат информации за проектот, како и едукативни содржини поврзани со целта на проектот: проширување на знаењата на граѓаните за демократските процеси.
|  |
БЕЗБЕДНО ДЕТСТВО
Против физичката злоупотреба на децатаЗдружението “Безбедно детство” издаде брошура под наслов “Како да ги заштитиме децата од физичка злоупотреба”, проследена со соодветен лифлет, чија цел е да се намали насилството и злоупотребата на децата. |  |
ДРОМ Центарот за Ромска заедница “Дром” од Куманово издаде Информатор за периодот 1997-2002 година, со финансиска поддршка на МЦМС. Освен податоците за активностите и развојот на ова здружение, во Информаторот се претставени податоци за состојбата на Ромите во Република Македонија, а посебно на жената, студентите, бегалското прашање и други. Информаторот е објавен на македонски и на ромски јазик. |  |
СОЖМ
Жените во социјалниот и политичкиот животСојузот на организациите на жените на Македонија ја издаде книгата “Учеството на жените во социјалниот и политичкиот живот во Република Македонија” од авторот д-р Јорде Јакимовски. |  |
ПРИЈАТЕЛИ НА МАКЕДОНИЈА
Веб-страница на општината Зелен градЗдружението “Пријатели на Македонија” неодамна ја промовираше веб-страницата “на првата и најмалата виртуелна општина во Македонија, Зелен град”: www.greencity.org.mk . Веб-страницата е на македонски и на англиски јазик, а е поддржана од УСАИД и ИОМ.
|  |
Порака
„Поедностевете“ ...Републичкиот центар за помош на лицата со ментален хендикеп “Порака”, заедно со “Европска инклузија” - европската асоцијација на организации на лица со интелектуална попреченост и нивните семејства, ја издаде брошурата “Поедноставете - европски насоки за издавање лесно читливи информации”. |  |
|