ПРИЈАТЕЛИ НА МАКЕДОНИЈА

Веб-страница на општината Зелен град

Здружението “Пријатели на Македонија” неодамна ја промовираше веб-страницата “на првата и најмалата виртуелна општина во Македонија, Зелен град”: www.greencity.org.mk . Веб-страницата е на македонски и на англиски јазик, а е поддржана од УСАИД и ИОМ.
“Зелен град” е проект на Здружението “Пријатели на Македонија” кој се реализира во партнерство со Регионалната агенција за развој на Крива Паланка и општината Крива Паланка. Досега се одржаа два кампа за ученици. На веб-страницата можат да се најдат подетални информации за камповите, проектот, здружението, и други содржини.