БЕЗБЕДНО ДЕТСТВО

Против физичката злоупотреба на децата

Здружението “Безбедно детство” издаде брошура под наслов “Како да ги заштитиме децата од физичка злоупотреба”, проследена со соодветен лифлет, чија цел е да се намали насилството и злоупотребата на децата.
Во брошурата станува збор за последиците од ваквиот третман на децата (физички, психички и социјални), како и упатства за препознавање на физички злоупотребеното дете и за моностите тоа да се заштити.
Печатењето на оваа публикација е поддржано од Фондацијата Институт отворено општество - Македонија.