ТРАДИЦИОНАЛНА НЕДЕЛА НА “CHRISTIAN” AID ВО БРИТАНИЈА
Собирање помош „од врата на врата“
Од 11 до 17 мај годинава, беше одбележана Не­делата на “Christan Aid”. Тра­ди­цио­налната недела за собирање парична помош во Британија, по принципот „од врата на врата“, започна во 1957 година и им помогна на луѓето од Авганистан, Ангола, Судан, Сиера Леоне и други држави, без разлика на расата, религијата, културата или потеклото. Оваа година настаните вклучија потрага по локални херои низ Британија и низ Ирска, со цел лицата кои инспирираат и мотивираат да ја поттикнат борбата против неправдата и сиромаштијата во светот.
КОНФЕРЕНЦИЈА ВО АТИНА
Учеството на граѓанското општество во развојната политика на ЕУ
На 5 и 6 мај годинава, грчкото прет­се­дателство со ЕУ организира меѓу­народна конференција „Учеството на граѓанското општество во развојната политика на ЕУ“. Седумдесетина претставници на граѓанското општество од целиот свет беа поканети да ги искажат своите ставови и да поттикнат идеи за развојот, како и да дадат конкретни препораки до грчкото претседателство за учеството на граѓанското општество во развојната политика на ЕУ. Беа одржани следните работилници: Улогата на гра­ѓанското општество од северозападна Европа во намалување на сиромаштијата; Гра­ѓанското општество во развојната поли­тика на ЕУ и Улогата на ЕУ во светот: солидарност и одржлив развој.

ГРАѓАНСКИ ПАКТ ЗА ЈИЕ
Да ги укинеме визите!
Здружението Граѓански пакт за Југо­источна Европа од Белград спро­ведува кампања за укинивање на визите, во која се повикуваат земјите-членки на Европ­ската Унија да ги укинат шенген-визите за државите од Југоисточна Европа.
ПАКТ ЗА СТАБИЛНОСТ
База на податоци за организации од ЈИЕ
Под покровителство на Пактот за ста­билност за Југоисточна Европа и грчкото прет­седателство на Европската Унија, а во организација на Центарот за демократија и помирување во Југоисточна Европа, се изготвува нова база на податоци за НВО и институции во Југоисточна Европа.
РЕЦ - СЕНТ ЕНДРЕ
Обука за млади лидери од областа на животната средина
Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа (РЕЦ) во соработка со италијанската НВО „Л’умана ди Мора“ спроведува Обука за млади лидери за животна средина. Ова програма има за цел да обезбеди напредна обука за орга­низациски и технолошки методи за млади активисти на НВО. Обуката се состои од три недели теоретски предавања во седиштето на РЕЦ во Сентен­дре, Унгарија, и еднонеделна студиска посета во Италија, фокусирајќи се на управувачките вештини; најновите методи на животната средина (информативни технологии и реше­нија базирани врз пазарот) и пре­несување на овие вештини на колегите.