КОНФЕРЕНЦИЈА ВО АТИНА

Учеството на граѓанското општество во развојната политика на ЕУ

 

На 5 и 6 мај годинава, грчкото прет­се­дателство со ЕУ организира меѓу­народна конференција „Учеството на граѓанското општество во развојната политика на ЕУ“. Седумдесетина претставници на граѓанското општество од целиот свет беа поканети да ги искажат своите ставови и да поттикнат идеи за развојот, како и да дадат конкретни препораки до грчкото претседателство за учеството на граѓанското општество во развојната политика на ЕУ. Беа одржани следните работилници: Улогата на гра­ѓанското општество од северозападна Европа во намалување на сиромаштијата; Гра­ѓанското општество во развојната поли­тика на ЕУ и Улогата на ЕУ во светот: солидарност и одржлив развој.

Беше нагласено дека проширувањето на ЕУ ќе има огромно влијание во развојот на политиката на ЕУ, дека на НВО во земјите-кандидатки за членство во ЕУ им недостасува искуство, а во некои случаи не постои речиси никаква заинтересираност по прашањата за развој. Две препораки од оваа рабо­тил­ницата кои се истакнаа како важни се дека ЕУ треба да ги овозможи средбите меѓу НВО од Унијата и оние од земјите-кандидатки. Грчкото претседателство Ќе ги претстави препораките од конференцијата на Самитот на шефовите на државите-членки на ЕУ што Ќе се одржи во јуни, годинава, во Солун.

Г.Ш.