ТРАДИЦИОНАЛНА НЕДЕЛА НА “CHRISTIAN” AID ВО БРИТАНИЈА

Собирање помош „од врата на врата“

Од 11 до 17 мај годинава, беше одбележана Не­делата на “Christan Aid”. Тра­ди­цио­налната недела за собирање парична помош во Британија, по принципот „од врата на врата“, започна во 1957 година и им помогна на луѓето од Авганистан, Ангола, Судан, Сиера Леоне и други држави, без разлика на расата, религијата, културата или потеклото. Оваа година настаните вклучија потрага по локални херои низ Британија и низ Ирска, со цел лицата кои инспирираат и мотивираат да ја поттикнат борбата против неправдата и сиромаштијата во светот.

Во акцијата учествуваше познатиот актер, Кваме Квеи - Арма, ѕвезда на “Casualts and Celebrits Fame Academs", кој ги пре­диз­викува луѓето од  Британија и од Ирска да помогнат во менувањето на светот, кој упати порака:„Секако, не е возможно да се разбудите едно утро и да си помислите Јас ќе го сменам светот, но она што може да си го речете е Јас ќе го сторам мојот дел и ако го сторам најдоброто што можам, луѓето ќе го следат мојот пример. Јас мислам дека сите ние можеме да ги промениме нештата.“

Г.Ш.