МЦМС
Доделени првите награди за одржлив развој и за граѓанско општество и демократија
Во јуни 2001 година, МЦМС ги додели првите награди за одржлив развој, „Херт Јан ван Апелдорн“ и за граѓанско општество и демо­кратија. Првите лауреати на МЦМС беа: г. Јосиф Таневски (награда за одржлив развој за долгогодишни постигнувања), г-ѓа Крис­тина Дикинсон (награда за одржлив развој за постигнувања во претходната година) и Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ (награда за граѓанско општество и демо­кратија за долгогодишни постигнувања).
ЕД ФЛОРА - КРИВА ПАЛАНКА
Десетгодишнина
Пред две години (во 2001 година), по повод десетгодишнината од своето основање еко­лошкото друштво „Флора“ од Крива Паланка ја објави публикацијата „Деценија на подем и рас“” чиешто издавање беше поддржано од МЦМС, во која ги опиша сите активности во текот на изминатиот период.