ЕД ФЛОРА - КРИВА ПАЛАНКА

Десетгодишнина

Пред две години (во 2001 година), по повод десетгодишнината од своето основање еко­лошкото друштво „Флора“ од Крива Паланка ја објави публикацијата „Деценија на подем и рас“” чиешто издавање беше поддржано од МЦМС, во која ги опиша сите активности во текот на изминатиот период.

Еднодецениската континуирана и успешна работа на членовите и волонтерите на  „Фло­ра”“од Крива Паланка, ја вброи меѓу по­успешните граѓански здруженија во градот и во Македонија. Одбележувањето на овој значаен јубилеј на „Флора“ тогаш се одржа во манастирот Свети Јоаким Осоговски крај Крива Паланка, со присуство на голем број гости - претставници од јавниот и општес­твениот живот во градот, медиуми и здру­женија на граѓани, прет­ставници на дона­торите кои што ги поддржаа проектните активности на „Флора“ во изминатиот период.                                                                      

Д.М.