МЦМС

Доделени првите награди за одржлив развој и за граѓанско општество и демократија 

Во јуни 2001 година, МЦМС ги додели првите награди за одржлив развој, „Херт Јан ван Апелдорн“ и за граѓанско општество и демо­кратија. Првите лауреати на МЦМС беа: г. Јосиф Таневски (награда за одржлив развој за долгогодишни постигнувања), г-ѓа Крис­тина Дикинсон (награда за одржлив развој за постигнувања во претходната година) и Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ (награда за граѓанско општество и демо­кратија за долгогодишни постигнувања).

Наредната, 2002 година, наградени беа: Фондацијата Институт отворено општество - Македонија (награда за граѓанско општесто и демократија за долгогодишни постиг­нувања), ХДЗР “Месечина” од Гостивар (награда за граѓанско општество и демо­кратија за постигнувања во претходната година), здружението „Полио плус“ и Комуна АД Скопје (награди за одржлив развој за претходната година) и Град Скопје (награда за граѓанско општество и демократија, за јавност и соработка).

М.И.