ГРИНПИС
Да се бојкотира енергетскиот план на Буш
Гринпис – САД ги повикува гра­ѓаните на САД да го бојкотораат планот на претседателот Буш кој се однесува на покачувањето на да­ноците заради енер­гет­скиот план кој опфаќа инвестиции во старите технологии за про­извод­ство на енер­гија што го користат гасот, јагленот, нафтата, како и нукле­арната индустрија.
ШРИ ЛАНКА
Се бараат волонтери за проекти
Проектите за медиуми и одржлив развој што во Шри Ланка ги спроведува Форумот на новинарите кои пишуваат за животната средина, имат потреба од волонтери.
ЕГИПЕТ
Дискриминација и апсења на хомосексуалците
Египетската полиција со „успех“ ја при­менува новата метода за апсења на хомо­сек­су­алците – по пат на Интернет им закажува сос­таноци на кои ги чека поли­цијата со ли­сици. Еден 26 годишен Либанец, хо­мо­сек­суалец, е еден од многуте кои имале разговор на интернет пред да се сретнат со лицето, кое инаку е полицаец на тајна задача.
ОТВОРЕНО ПИСМО ОД АВГАНИСТАНСКИТЕ ДО ИРАЧКИТЕ ЖЕНИ
ПРАВА ЗА СИТЕ ЖЕНИ
Ова писмо го пишуваме во знак на соли­дарност со нашите сестри во Ирак, кои се соочуваат со поствоена рехабилитација, слична на онаа што се одвиваше во Авга­нистан во изминативе година и поло­вина. Ги охраб­руваме ирачките жени гласно да се искажат во тој процес, да остават свој знак врз иднината на нивната земја и да обезбедат слобода за себе и за своите деца.