ГРИНПИС

Да се бојкотира енергетскиот план на Буш

Гринпис – САД ги повикува гра­ѓаните на САД да го бојкотораат планот на претседателот Буш кој се однесува на покачувањето на да­ноците заради енер­гет­скиот план кој опфаќа инвестиции во старите технологии за про­извод­ство на енер­гија што го користат гасот, јагленот, нафтата, како и нукле­арната индустрија.

Гринпис наведува дека сумата која се планира да се добие на овој на­чин е за 30% поголема од годишниот оперативен буџет што го има нацио­налната Агенција за заш­тита на животната сре­дина. Гринпис ги повикува гра­ѓаните да им пратат електронски пораки на своите сенатори, барајќи да не се фрлаат пари во старите технологии, туку да се инвестира во нови, чисти технологии кои помал­ку ќе ја загадуваат животната средина.                     

                М.И.