ОТВОРЕНО ПИСМО ОД АВГАНИСТАНСКИТЕ ДО ИРАЧКИТЕ ЖЕНИ
ПРАВА ЗА СИТЕ ЖЕНИ
Ова писмо го пишуваме во знак на солидарност со нашите сестри во Ирак, кои се соочуваат со поствоена рехабилитација, слична на онаа што се одвиваше во Авганистан во изминативе година и половина. Ги охрабруваме ирачките жени гласно да се искажат во тој процес, да остават свој знак врз иднината на нивната земја и да обезбедат слобода за себе и за своите деца.
Ние бараме повеќе права за жените во бракот, повеќе права во поглед на разводот. Бараме на авганистанските девојки да им се дозволи да уживаат во сопствената младост и да не бидат присилувани да стапуваат во бракови, пред воопшто да им биде дадена шанса да созреат. Бараме жените да не бидат купувани и продавани и со нив да не се тргува како со животни. Бараме за жените да бидат резервирани места на масата, на којашто се прават политички одлуки. Бараме повеќе права во образованието и подобар пристап до гинеколошката и педијатриската здравствена заштита.
Понатаму, веднаш штом постојаната влада ќе го преземе водството во Авганистан и веднаш штом ќе бидат одржани изборите, 160 претставнички на жените ќе ги добијат загарантираните места во новиот парламент. Дополнително, други жени може да бидат избрани надвор од загарантираниот број.
Нашите срца се со вас. Нашите надежи, исто така.
Во името на солидарноста,
Жените од Авганистан
|