ДЕН НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА
Симбол на граѓанската акцијаДенот на Планетата земја, меѓународен неформален празник на нашата планета, годинава ќе се прославува 31-ви пат, откако во 1970-та година, на 22 април, во САД го востанови сенаторот на Висконсин, Гејлорд Нелсон. Тогаш, во САД над 20 милиони луѓе учествуваа во различни демонстрации, маршеви, акции за чистење, трибини, дискусии и други активности чија цел беше да се покаже граѓанската свест за деградацијата на природата и нејзините ресурси, не само на локално туку и глобално ниво. 22 април оттогаш стана симбол на граѓанското ангажирање и се прославува во повеќето држави во светот.
|  |
|